Развивањето на екстремистичките расположенија кај муслиманите во никој случај не се поврзува со исламот – од патот на вистината младите скршнуваат поради сопствените психолошки проблеми, верска неписменост, а исто така и поради лошото образование. Ова го изјави претседателот на Научно-просветителниот центар Ал Васатија – Вјачеслав Полосин за време на Ифтар во московскиот канцеларија на Асоациацијата на културно-просветителните јавни здруженија “Собрание”, пишува Ислам њуз. “Муслиманите кои се наречени екстремисти, станаа такви не поради исламот туку поради нивни внатрешни причини. Исламот би можел да придонесе за развојот на тоа, ако тој не е правилно разбран, и обратно – може да претставува поттикнување на борба против незнаењето, кон надминување на недостатоците, кон личен развој “, истакна експертот во текот на својата предавање. Според зборовите на Полосин, луѓето станале носители на екстремистичката идеологија на времето, наместо да се зафатат со побарувачката на добри учители, почнале да си ја тешат душа, сметајќи дека верските знаења им се доволни за да ја оправдаат секоја своја постапка.

Втората основна причина, за тоа муслиманите да скршнат од вистинскиот пат, според зборовите на Полосин, е лошото опкружување или влијанија на врсници кои немаат знаење, но се стремат да вршат влијание. “Често луѓето во младешката возраст преферираат да се советуваат со своите врсници. Но, кој е новиот? Се запознаваш со некој на улица и веќе почнуваш да го слушаш. Некои велат дека тоа е воспитувањето на улицата. И, за жал, муслиманите не се имуни од овој феномен. Покрај тоа, често младите наместо да бараат помош од вистинските алими, тие наоѓаат алими во лицето на оние кои се малку поголеми од нив и знаат малку повеќе за исламот “, појасни екпертот.
Трети, пак, стануваат екстремисти од чиста суета. “Доброто име се гради со години, а денешната младина од телевизија, медиуми и серии и се стреми кон брзо богатење и успех … Од тоа се инфицираат и муслиманите. Тие се прашуваат зошто да се трудат со години, кога сè може да се земе одеднаш, да се објави џихад на некого. Така веќе си херој муџахедин за тебе веќе зборуваат и пишуваат. Привлечноста на брзата слава, ритамот, тоа е психолошкиот момент кој негативно влијае врз младиот човек “, додава Полосин.