Одложено рочиштетот за „Поткуп“ за 27 септември

од desk3
115 прегледи

Судијката Дијана Груевска-Илиевска, реши да го одложи судењето за случајот „Поткуп“ за 27-ми септември. Тоа е поради барање на одбраната на обвинетиот Зоран Заев, за изземање на снимките од Посебните истражни мерки бидејќи се објавени на „Јутјуб“, пренесува Мета.

Заев, кој денеска првпат се појави во суд како премиер на државата, рече дека тој и неговата одбрана биле на мислење дали да ја објават целосната снимка за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што се одлучиле да ја искористат втората можност што им ја дозволува законот.