Компанијата за развој антивируски програми “Лабораторија Касперски” соопшти дека вирусот-изнудвач, кој и нападнал компаниите во Русија и Украина, не припаѓа на порано познати семејства малициозни програми, пренесе РИА Новости. 
“Според достапните информации во моментов , дадениот вирус не припаѓа на претходно познатите семејства малициозен софтвер. Во моментов “Лабораторија Касперски” спроведува истрага и наскоро ќе може да обезбедиме повеќе информации “, изјави шефот на одделот на компанијата за антивирусни истражувања Вјачеслав Закоржевскиј.