[РЕЦЕПТ] Табуле со млад лук

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Оваа верзија на класичното табуле е за љубителите на лук. Наместо салатата базирана исклучиво на магдонос, младиот лук придонесува поинтензивен вкус, а нането внесува свежина. Можете да го намалите вкусот на лук додавајќи повеќе магдонос, или обратно. Ако немате млад лук, и обичниот ќе послужи. Рецептот е на Мелиса Кларк од Њујорк тајмс.

 

¾ лажиче ситна морска сол

1 шолја булгур

2 лажици сок од лимон, повеќе по потреба

¼ лажиче мелен кумин

¼ лажиче бибер

½ шолја маслиново масло

2 ½ шолји крупно исечкан магдонос

1 ¼ шолји ситно исечкан млад лук, само зелените листови

½ шолја исечкано свежо нане

1 шолја на коцкички исечкан домат

1 шолја на коцкички исечкана краставица

1 ракатка ситно исечкан млад кромид (1/2 шолја)

Во средно тенџере, зовријте 2 шолји добро посолена вода. Ставете го булгурот; покријте го и намалете ја температурата на ниска, и варете го додека зрната не омекнат, 8 до 12 минути. Префрлете го во цедалка и исплакнете го со ладна вода. Целосно исцедете го и ставете го во голема чинија.

Во помал сад, измешајте ги сокот од лимон, солта, куминот и биберот; вматете го и маслото. Истурете ја течноста преку булгурот и измешајте добро. Додајте го магдоносот, младиот лук, нането, доматот, краставицата и младиот кромид. Пробајте и прилагодете ги зачините ако е потребно. Попрскајте го со уште малку масло пред послужувањето.