[РЕЦЕПТ] Вкусна ниско калорична торта со кајсии

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Состојки:
За тестото:
2 јајца
100 г сушени кајсии
2 с.л.полнозрнесто брашно (може и секакво друго -јаболково, оризово и сл)
½ прашок за пециво
За кремот:
500 г кајсии
500 г овчо кисело млеко
10 г желатин + 100 мл вода
1 лажица мед
Подготовка:
Започнува со подготовка на кремот:
Мешаме желатин со 100 мл вода и оставаме настрана да се раствори добро.
Исечете ги на половина кајсиите и исчистени од семка. Во мало тенџерче ставете малку вода, околу 50 мл и ставете ги внатре кајсиите да се испарат помалку – околу 3-4 минути. Ова се прави со цел да се зголеми трајноста на тортата. Кога ќе се подготвени, половинките се сечат на мали парчиња, а другата половина се ставаат во кујнскиот робот (блендер).

Во блендерот го ставаме млекото, медот и желатин, како и половина кајсии. Се меша сè до добивање хомогена смеса. Во случај да не е доволно слатко, може да се додаде уште мед.
Ги додаваме кајсиите, кои се исечени на парчиња и мешаме со шпатула.
Го оставаме кремот настрана додека приготвиме тесто.

Тесто:
Во блендер истурете ги јајцата, сушени кајсии, брашното и прашокот за пециво. Измешајте сè убаво, а може да се оставаат малку парчиња несомлени кајсии, за да има добра текстура.
Истурете врз хартија за печење во форма за торта.

Печете на 170 степени за околу 8-10 минути.
Оставете да се излади.

Кога тестото е изладено, поливајте го врвот со кремот и ставете во фрижидер преку ноќ. Изутрината поминете по ѕидовите на формата за торта. Направете украсни засеци на врвот на тортата, поделете ја на 8 парчиња. Засеците се прават само на горниот слој. На секое парче ставете половина кајсија, свртена надолу. Украсете со свежо нане.