Можност да се забележуваат записите со содржина која не одговара на реалноста, може да се појави во една од најпопуларните социјални мрежи – “Твитер” (Twitter), пренесува “Вашингтон пост”во четвртокот, повикувајќи се на информирани за проектите на компанијата извори.

Според нив новата функција која е засега на фаза на тестирање е дел од кампањата на “Твитер” за борба со различни видови на злоупотреби во рамките на социјалната мрежа.
Според верзијата на изворите, поставувањето на “црна точка” ќе може да оди преку посебно копче од паѓачкото мени.
Но, во исто време весникот забележува дека засега таа иновација не е сигурна.
“Твитер” заработува главно од рекламирање и лиценцирање на податоци. Пазарната капитализација на компанијата е над 12 милијарди долари.