Дубаи пушта паметни и автономни полициски патроли

од desk3
108 прегледи

Полицијата во Дубаи е позната по необичните патролни автомобили. И додека присуството на Bugatti, Ferrari и Lamborghini во флота е сосема нормално, наскоро полицијата ќе има и уште понетипични патроли. На прв поглед тие личат на мали “smart” автомобили, но се уште помали и во нив нема да се возат полицајци изјавуваGulf News.

Новите патролни автомобили ќе се прилично мали, приближно со големина на детските автомобили со акумулатор. Тие ќе бидат опремени со камери и софтвер со кој ќе може да се анализира однесувањето на луѓето на улиците. Тие ќе можат да ги скенираат и лицата на луѓето во потрага по барани од полицијата луѓе. Автомобилот има и дрон на покривот, кој може да се управува од далечина од полицијата и да се користи за воздушен надзор.

Во опремата на автомобилот има GPS, ласерски скенер и термална камера. Освен лица, може да скенира и регистарски таблички. Системот може да препознае и сомнителни објекти и да го следи нивното движење. Иако автомобилот може да работи целосно независно, во секој момент може да се управува од далечина од полицијата како дрон.