ВМРО-ДПМНЕ се предомислија, беа против а сега се за укинување на радиодифузната такса

од desk3
124 прегледи
На денешната собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ  ја обвини власта дека не ги исполнува своите ветувања и побара по итна постапка укинување на радиодифузната такса. За таа цел до парламентот поднесоа Закон.

„Укинување на радиодифузната такска веднаш. Со овој предлог закон  бараме да биде расправан, Законот да биде  разгледан и изгласан по скратена постапка донесен.“ – изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
 Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за ова прашање, пред половина година, беше контра од ова што денеска го предлагалат. Идејата на СДСМ за укинување на радиодифузната такса, беше отфрлена и оценета како обид за партизирање на јавниот сервис. Тогаш ВМРО -ДПМНЕ тврдеше дека со укинувањето на радиодифузната такса СДСМ сака целосна партизираност и контрола на јавниот сервис.
 Денеска пратениците на СДСМ законот за укинување на радиодифузната такса го оценија како лицемерие.
тоа што ДПМНЕ сега, од опозиското крило ,експресно ги менува ставовите околу укинување на радиодифузната такса е лицемерно, изјави Томислав Тунтев од СДСМ.
Предлог – законот мнозинстовот го отфрли. Премиерот Зоран Заев најави дека спрведувањето на оваа мерка може да се очекува нарјано во октомври, откако со ребалансот на буџетот ќе се обезбеди стабилно финансирање на јавниот сервис.