Европската унија внимателно ќе ја следи реализацијата на владиниот план 3-6-9, а Брисел ќе ги валоризира сите мерки и активности наведени во него. Шефот на делегацијата на унијата во земјава Самуел Жбогар вели гледа со оптимизам кон мерките најавени од владата, но порача и дека во следните неколку месеци ќе се следи ситуацијата колку владата ќе може да испорача.

„Она што е добро е дека владата веќе излезе со план. Сега преминуваат од зборување за реформи, тоа е веќе ставено конкретно на хартија. Мислам дека тоа што е потребно во следните три месеци е да се направат чекори во тој контекст. Се разбира дека ние како ЕУ ќе ги поддржиме, меѓутоа да почекаме чекор по чекор да се реализираат овие работи“- изјави Самуел Жбогар.

За дел од експертите пак, планот е без конкретни мерки, општи формулации и без вметнати препораки од извешатјот на Прибе – Велат стартот е оптимистички, но во документот има премалку конкретни мерки.

„Гледам во програмата на владата се подвлечени некои активности, а дел од нив се општо нагласени, треба конкретна индивидуализација на тие акти и органи“ – вели Осман Кадриу – Универзитетски професор.

Политичкото влијание и партизираноста на судството нема да исчезне преку ноќ, смета прфоесорот Кадриу, а судиите и јавните обвинители треба да одговараат за својата работа, најмногу за последните постапки на кои јавноста реагираше бурно, вели тој.

„Во првите месеци по основ на одговорност, расрешување и тоа да се бара судскиот совет и советот на обвинителите. Ако советот не поведе постапка за конкретни случаи каде има не само индиции, туку и проверени факти дека има злоупотреба од страна на судиите, тогаш Парламентот треба да поведе постапка за одговорноста на оделни членови на судскиот совет односно членови на советот на обвинителите.“ – вели Кадриу.

Партизираноста и неефикасноста на судството беа нотирани во сите извештаи на ЕУ. Во нив постојано се нагласуваше да се создадат напори за заштита на независноста на судиите со цел да се подобри квалитетот и да се олесни пристапот до правдата. Состојбите во судството беше дел и од извештајот на Рајхард Прибе. Герамнскиот експерт препораќа политичкото влијание врс третра валста да престане. Во патоказот валдата во однсон на тоа предвидува судиите во случаи на политички или друг вид на притосок да го информираат судскиот совет, здружението на судии и медиумите./24Вести