И уште една казна за Google

од desk3
123 прегледи

Независно од најголемата казна која Европската Комисија го наложи= Google на крајот на јуни, на најголемиот онлајн пребарувач може повторно да и биде наметната парична санкција. Овој пат таа ќе биде поврзана со оперативниот систем Android.

Пред една недела Google беше казнет со рекордни 2,42 милијарди EUR по обвинение за монопол. Излегува дека во 2008 година компанијата ги прекршила нормите на ЕУ со промовирањето на нивниот сервис за шопинг – Google Shopping.

Проблемот со Android е дека сите уреди кои работат под овој оперативен систем, треба да се искористат Google Play во Chrome. Освен тоа партнерите кои произведуваат електроника во соработка со Google, им се забранува да инсталираат различни системи од Android .