На ред дојдоа и “паметните” куфери

од desk3
170 прегледи

Да се патува е прекрасно, но главно за туристите. За оние кои се na службено патување, патување често е поврзано со тешкотии – ништо не гледате од градот домаќин, повеќе време сте во воздух или на состаноци, отколку во прошетка на природни знаменитости или туристички објекти. За овие и за сите други непредвидени работи очигледно е создаден “смарт” куфери Samsara. 

Прво, тој е микс од здрав и лесен алуминиум, кој има врвен дизајн. Куферот содржи во себе многу интелигентни функции. Тој е поврзан со вашиот smartphone преку апликација и ако поради некоја причина се оддалечи од вас, вие добивате известувања на телефонот. Куферот може лесно да се трансформира како мала масичка за користење на лаптоп, што е одлична функција за моментите кога ви доцни летот.