Официјалниот извештај на англиски јазик за првото патување на човек во вселената од советскиот космонаут Јуриј Гагарин беше продаден за 47 500 долари на аукција на Sotheby’s, пренесоа Sputnik.
Во документот еден од пионерите на космонаутиката ги опишува своите впечатоци од летот на 12 април 1961 година на палубата на вселенскиот брод “Восток”.
“Земјата како да имаше убав ореол и бои со непречена транзиција од бледо сино кон сина, темно сина, виолетова и апсолутно црно”, раскажува пилотот.
Гагарин ги опишува и подготовките за летот и активностите за време на слетувањето. Досието вклучува и негова оригинална црно-бела слика.