Претседателот на САД ДОналд Трамп изјави дека нема да им дозволи на трансродните лица да служат во американската војска во кое било својство.

„По консултациите со моите генерали и воени експерти, имајте на ум дека владата на САД нема да прифати, ниту да дозволи трансродни лица да служат во американската војска во кое било својство“, напиша Трамп на својот Твитер профил, пренесе Ројтерс.
Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, на почетокот на јули за шест месеци ја одложи дозволата за трансродните лица да им се придружат на американските оружени сили, изјави портпаролката на Пентагон Дејна Вајт.
Во соопштението наведе дека Матис ја прифатил препораката до 1 јануари да го одложи пријавувањето за оружените сили кои го поднесоа трансродните лица.
Пентагон се подготвуваше да дозволи приклучување на трансродни лица во војска, откако во 2016 година ја тргна забраната под администрацијата на тогашниот претседател Барак Обама.
Се очекуваше годинава таа да почне да се спроведува, ако лицето докаже дека во рок од 18 месеци било стабилно со полот кој го одбрало.
Одлагањето кое настапи со доаѓањето на администрацијата на претседателот Трамп, предизвика негодување кај оние кои се залагаат за правата на трансродните лица.
Според студијата објавена од тогашниот министер за одбрана Еш Картер, а ја спроведе корпорацијата RAND, во војската имало 2.500 активни членови, а 1.500 биле во резерва.
Податоците од RAND велеа дека на тоа се претпоставува дека всушност се работи за максимално 7.000 активни и 4.000 резервни припадници во државна служба кои се трансродни.