Состојки:
300 г исчистени ракчиња
За маринадата:
3 чешниња истолчен лук
1 лажица рендан ѓумбир
1-2 прстиња кајен бибер
1 лажичка масло или маслиново масло
1/3 чаша мед
1/3 чаша соја сос
Подготовка:
Ставете ги во сад сите состојки за маринадата и добро промешајте. Ставете во неа ракчиња, повторно промешајте и оставете ги да отстојат во фрижидер за 15 минути.
Потоа во добро загреана тава, во малку маслиново масло или сончогледово масло, испржете ги од двете страни ракчињата. Послужете со гарнир по ваш избор.