“Тесла” веќе го оствари својот сон да произведува електрични автомобили за широките маси, ставајќи го на пазарот долгоочекуваниот “Модел 3”, чија цел е нов свет со возила напојувани без фосилни горива.
Првата пратка од фабриката во Фримонт, Калифорнија, беше дадена на клиенти, од кои повеќето се вработени на компанијата.
Основачот на компанијата и нејзин извршен директор Илон Муск објави дека ова е одличен ден за “Тесла”, велејќи дека “целта е да се направи одличен електричен автомобил”, кој секој може да го купи “. Според него, производството на електричниот автомобил, насочено кон поширокиот пазар со почетна цена од 35 000 долари, ќе се зголеми брзо.
Идејата на компанијата е да произведува 5 000 примероци од “Модел 3” неделно од есен и по 10 000 примероци неделно во текот на 2018 година .