Состојки:
1 чаша свежи јагоди
½ чаша вода
1 лажица масло
400 мл засладено кондензирано млеко
¼ чаша бело чоколадо
шарени мрвици за валкање
Подготовка:
Во загреана на средна температура сува тава ставете исечени јагоди. Промешајте за неколку минути, а потоа истурете со водата. Промешајте. Варете додека јагодите се пресечат. Додадете го маслото и гответе мешајќи уште неколку минути. Додадете кондензирано млеко и промешајте додека смесата започне да се згуснува. Додајте и кршено бело чоколадо.
Ќе дознаете кога смесата е готова штом ќе поминете со дрвена лажица по средината на тавата. Ако смесата се собира полека назад, значи е подготвена. Изладете го во фрижидер за 2 часа, додека не се стегне.
Извадете од фрижидерот. Оформете мали бомбици со раце. Секоја бомбица извалкајте ја во обоените мрвици.