Чистата добивка на Епл во третиот квартал од финансиската година се зголеми за 12%

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Чистата добивка на компанијата Apple во третиот квартал на 2016-2017 фискална година која заврши на 1 јули, се зголемила за 12% – до 8,717 милијарди долари. Приходите на компанијата пораснаа за 7% во текот на пресметковниот период – до 45,408 милијарди долари во споредба со претходната година.

Американската корпорација Apple е основана во 1976 година од страна на Стив Џобс, Стив Возниак и Роналд Вејн. Седиштето на компанијата се наоѓа во Купертино, Калифорнија.

Apple се занимава со производство на персонални компјутери и таблети, музички плеери, телефони, “паметни часовници” и софтвер.