Што не сакаат мажите кај жените?

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Мажи открија кои се најодбивните навики на жените во апликацијата за споделување на тајните “Виспер”, објави  “Дејли мејл”.

Резултатите од анонимната анкета покажуваат дека посилниот пол е фокусиран главно на физичката убавина на жените и не може да увиди отаде неа.

Од влакнести пазуви до недостаток на лак на ноктите на нозете, многу од мажите гледаат проблем во изборот на дамите да ја покажат својата природна убавина. Други се чувствуваат одбиени при глетката на валкана коса, а еден од учесниците – дури од тесни панталони и хеланки.

Телесните карактеристики исто така наоѓаат предизвик за претставниците на посилниот пол, бидејќи во списокот се појавуваат потењето и испуштањето на гасови.

Други од мажите велат дека се згрозуваат од влакната над усните кај жените, како и дека не би сакале да допираат пари извадени од градници.