Кина испрати за првпат до светот податоци преку квантна криптографија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Кинескиот сателит “Мо-це” оствари за прв пат во историјата успешен трансфер на податоци до Земјата преку квантна криптографија – метод кој ги штити сите информации од неовластен пристап. Ова го соопшти во четвртокот кинеската агенција “Ксинхуа”. Експерти од азиската република нагласуваат дека земјата успеала да создаде преседан за формирањето на идната глобална квантна комуникациска мрежа, која е апсолутно отпорна на сајбер напади.

“Особено ќе станат можни апсолутно најбезбедните телефонски разговори (непроследиви), како и исклучително сигурни банкарски трансфери”, истакна Пан Ѕанвеј – член на Кинеската академија на науките и главен учесник во проектот.

Квантната криптографија се базира на принципот на неопределеност на Вернер Хајзенберг. Тој вели дека ако се обидете да измерите еден квантен систем (кој се состои од елементарни честички), ќе го промените на таков начин што мерењето  веднаш ќе се покаже неточно.

Оваа нова технологија им овозможува на луѓето да разменат “клучеви” за енкрипција на јавна мрежа. Со овие “прекинувачи” тие може да ја кодира својата електронска кореспонденција и да ја направи апсолутно имуна и заштитена.