Дизни се простија со „Нетфликс“

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Беше прашање на време “Дизни” кога ќе го објават создавањето на сопствената компанија за онлајн гледање, што значи дека наскоро сите нивни филмови ќе бидат отстранети од видео продавница на “Нетфликс”. Ова вклучува анимации на “Пиксар” и франшизни продукции по стриповите на “Марвел”.

Според податоците на самиот филмски гигант новата услуга ќе биде пуштена во употреба првично во 2019 година во САД пред да воспостави доминација над целиот светски пазар. Покрај тоа, програмата ќе нуди гледање не само на најновите и најпопуларните свои долгометражни филмови, но и на шоу програмите од “Дизни ченал”, “Дизни Јуниор” и “Дизни ЕксДи”.

Во меѓувреме компанијата на Волт Дизни неодамна доби и со мнозински удел од вкупно 75% од компанијата BAM Tech (која стои зад емитувањето на HBO и WWE). На овој начин “Дизни” зеде учество и во развивањето на видео стриминг услугата и на легендарниот спортски канал ESPN, која претстои да биде подготвена исто наредната година. Таа ќе нуди гледање на сите натпревари од американската Мејџор Лига Бејзбол, Националната лига хокеј и фудбалската дивизија Мејџор Лига Сокер, како и 10 000 други спортски настани годишно.