Руската авијација уништи конвој на ИД, околу 200 мртви во нападот

од desk2
76 прегледи

Руските воздухопловни сили уништија конвој на терористичката организација Исламска држава на патот кон градот Деир ал-Зор, при што се убиени околу 200 милитанти, пренесоа руските агенции повикувајќи се на информации од министерството за одбрана, јави Reuters.


Исламска држава ги групира своите сили околу градот Деир ал-Зор, откако беа притиснати од подрачјето јужно од провинцијата Рака и западно од Хомс, поради офанзивата на сириските сили и руската авијција, се наведува во соопштението.

Во ракетните напади од воздух уништена е и воена опрема, а не е прецизирано кога дошло до нападот.