Прелиминарна анализа на податоците кои беа добиени во последните летови на вселенската станица “Касини” меѓу атмосферата на Сатурн и неговите прстени покажаа дека возраста на последните е околу 100 милиони години.
Податоците кои се добиени од “Касини”, им овозможија на научниците да ја утврдат масата на прстените на Сатурн, објавена од страна на БиБиСи њуз. Колку помала е таа, толку помлад е субјектот во орбитата на гасниот гигант.
Научниците сметаат дека прстените на Сатурн се производи од распадот на едно или неколку големи тела, најверојатно на еден од сателитите на планетата, кој се уништил пред околу 100 милиони години.
Претходно научниците претпоставуваа дека возраста на прстените на Сатурн е околу 4.5 милијарди години. На почетокот на оваа година беше објавено истражување во кое геофизичари укажаа дека возраста на еден од сателитите на Сатурн, Енцелад, кој го има подземниот Океан, е приближно 100 милиони години.
Основната мисија на “Касини” е истражување на Сатурн, неговите прстени и најголемиот сателит Титан. Станицата е истрелана на 15 октомври 1997 година од Кејп Канаверал, Флорида, а на први јуни 2004 година влезе во орбитата на Сатурн. На 25 декември 2004 година од “Касини” се оддели сондата Huygens. На 14 јануари 2005 година таа се спушти на површината на Титан. На 15 септември 2017 година “Касини” е предвидено да биде уништена.