Австралиските порноактери Лук Дин, Луси Би и Рајан Џејмс ги повикаа гледачите да не го имитираат она што го виделе на екранот од филмовите за возрасни, пишува Daily Mercury.
Според зборовите на Дин, неговите љубовници често сакаат да пробуваат нешта кои ги виделе во порно филмовите.
Но тој им одговори дека не е против, но искрено предупредува дека тоа не му се допаѓа.
“Да ги следиш случувањата на екранот не е лошо, но тие лишуваат од фантазија”, објаснил порно актерот во интервју.
Луси Би забележува: “Многу луѓе не сфаќаат дека сексот во порното во голема мера се одразува повеќе на она што е физички возможно, а не работите кои им се пријатни на учесниците”.
Рајан Џејмс исто така додаде: “Јас би рекол дека не треба да го повторувате она што сте го виделе, бидејќи тоа е убаво само за гледање. Ако еден од партнерите не сака да прави нешто, не треба да се труди да го прави. Подобро да се фокусира врз она што ќе им се допадне и на двајцата “.