Германија: Хомосексуалците се послабо платени од хетеросексуалците

од desk3
117 прегледи
Хомосексуалците во Германија се послабо платени од своите хетеросексуални колеги, покажува објавената студија. Податоците кои ги аланилизира Германскиот институт за економско истражување (DIW) покажуваат дека хомосексулаците просечно добиваат по 2,14 евра помалку од саат од хетеросексуалците, кои просечно заработуваат по 18 евра на саат.  
Студијата покажува дека разликата во платата помеѓу хетеросексуалците и хомосексуалците дури е и поголема по проверката на староста, образованието и секторите: хомосексуалецот во иста ситуација заработува просечно по  2,64 евра помалку на саат од хетеросексуалците.

Меѓутоа, со жените е  подруго. Во истражувањето се нагласува дека лезбејките заработуваат речиси 2 евра повеќе на саат од своите хетеросексуални колешки. Мартин Крох, главниот автор на студијата, рече дека податоците докажуваат дискриминација на работното место со обзир на половото определување, бидејќи веројатно постои цела низа на објаснувања за разликите во платите. Со истражувањето се опфатени 30.000 хетеросексуалци и 460 нехетеросексуални лица.