Најголемата студија досега поврзана со блиски сосотјби до смртта и вонтелесни искуства открива дека 40% од луѓето имаат некаква “свест” дури и откако се сметаат за клинички мртви. Четиригодишното истражување опфаќа над 2000 луѓе во 15 болници во САД, Велика Британија и Австралија, кои преживеале срцев удар. 330 преживеани пациенти биле испрашувани што доживеале во овие критични моменти. 140 од нив изјавиле дека имале некаква форма на свест, пред да бидат вратени назад кон животот.
Една жена истакнува дека е сведок го слушала медицинскиот персонал и звуците од апаратурата. Друг маж се сеќава како го напушта телото и гледа од далечина како лекарите работат на него. Додека повеќето луѓе не можат да кажат со детали што точно се случило, откако нивното срце застанало, една петтина велат дека доживеале чувство на спокој. Една третина известуваат дека времето брза или забавува во овој период. Други се почувствувале дека поминуваат низ вода или гледаат светла блиц. Околу 13% имаат вонтелесно искуство кое вклучува изострување на сетилата. Научниците потврдуваат дека еден човек сведочи за свест три минути откако неговото срце престанало да чука. Тоа е тешко да се објасни, бидејќи обично мозокот престанува да функционира околу 20 – 30 секунди по срцевиот удар. Запирање на срцевата активност, при што срцето ќе престане да чука, белите дробови престануваат да работат и мозокот престанува да функционира, од биолошка гледна точка тоа значи клиничка смрт , објаснува д-р Сем Парниа, еден од авторите на студијата. Следува период, кој може да трае од неколку секунди до околу час и повеќе, во кој силите на итните медицински тимови можат да успеат да го рестартирате срцето и така да се прекине процесот на умирање. “Она што доживуваат луѓето во овој период на запирање на срцето, обезбедува единствен прозорец кон она што секој веројатно би го испитал кога умира.”