Премиерот на Република Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска обелодени дека кандидат за градоначалник на Арачиново, од редовите на СДСМ ќе биде Милитие Халими. 
„Ние во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, човек кој со семејството потекнува од овде. Се надевам дека ќе бидеме доволно примамливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново“, изјави денеска Заев. Тој рече и дека 70% од кандидатите на СДСМ за градоначалници веќе се утврдени, а уште се во тек преговорите со актуелните, но и потенцијални коалициони партнери.
Заев додаде дека неговата партија не исклучува коалиција и со други албански партии, потенцирајќи дека СДСМ ќе има кандидати за градоначалници во 60 општини низ Македонија.