Германски инженери од Центарот за авијација и космонаутика развија релативно вообичаен начин за заштита на луѓе од роботи.
Тој предвидува роботите да бидат снабдени со специјални воздушни перничиња. Како што пишува N + 1 за прв пат концептот за ова безбедносно перниче е претставен во 2016 година. Сега веќе е изработен индустриски манипулатор, кој е опремен со перницата.
Таа е способна да се надуе за помалку од секунда пред роботот да почне да се движи. За време на развојот на системот инженерите успеале да одржат тестирања врз манекени и врз вистински луѓе.
Како што покажале тестовите дури и при брзина на ударот два метри во секунда роботот не го повредил човекот.
Неодамна експерти за сајбер безбедност изјавија дека некои од најпопуларните роботи – како индустриски, така и домашни – можат да бидат пробиени и претворени во шпионаки системи или дури оружје способно да осакати човек. Можно е идеите на германските инженери да го намалат ризикот од повреди кои може да ги нанесе пробиениот робот.