Француската компанија Citroen ќе претстави концептна верзија на мини Spacetourer, се вели во соопштението на сајтот на познатиот производител на автомобили.
Официјалната премиера на автомобилот ќе се одржи во рамките на меѓународниот автосалон во Франкфурт во средината на септември. Миниванот е наменет за патувања на големи растојанија.
Во конструкцијата е вградена специјална тенда, автомобилот е опремен и со туш: вода се внесува од резервоар, монтиран во задната врата. Освен тоа има место и за мала кујна опремена со шпорет на гас и мијалник.

Моделот нуди место за спиење, што може да се намести како врз капакот на автомобилот, така и врз душек на задното седиште.
Има можност и за дополнителни опции: метеостаница, сеф, фрижидер и водоотпорен сад за алишта.
