
„Сега ништо не можеме да ви кажеме, а пред се тоа е во надлежност на државната изборна комисија“, велат од Државна комисија за спречување корупција.
„ Државна изборна комисија како и за Општинските изборни комисии се уште нема ниту еден официјален кандидат, откако официјално ќе биде поднесена кандидатура за било кој кандидат за градоначалник или чен на совет ќе можеме да коментираме за неспоивоста на функциите“, велат од ДИК.
Морален е чин е да си поднесат оставка од актуелната функција, а потоа да се тркаат за друга сметаат експертите, при тоа се посочуваат досегашните примери, на политичари кои тоа го сторија, како што се Теута Арифи, Невзад Бејта, и Арбен Лабуништа кои си поднесоа оставки од функциите кога влегоа во трка за градоначалници, додека пка пратеникот Изет Зекири, откако во градоначалничката трка изгуби, комплетно се повлече од политиката со образложение дека кога не успеал да ја добие довербата на изборите нема зошто да биде претставник ниту во Собранието, ниту во политиката.
„Формално – прано нема пречка да не бидат кандидати и ако изгубат може да се вратат. Се поставува моралната, народот два пати го гласа, еднаш го гласале на ниво на изборна единица и втор пат ќе го гласаат на микро ниво. Што ако изгуби? Каде му е кредибилитетот? Како понатаму може тој да говори од собраниска говорница?“, вели Борче Давитковски – универзитетски професор.
Бурни реакции во јавноста предизвика и одлуката на актуелниот министер за здравство Арбен Таравари да се кандидира за градоначалник на Гостивар. Таравари најави дека ќе остане на функцијата министер до локалните избори, но работата ќе им ја препушти на неговиот заменик и државниот секретар се до изборот на нов министер. Дел од стручната јавност го осуди ваквиот чекор./24Вести