
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска одржа прес конференција по повод 100 од новата Влада.Незадоволни земјоделци, разочарани пензионери, прелажана младина, издадени национални чувства и национално достоинство, бизнис заедница и синдикати ставени на маргините, заборавени работници, и ниту еден, повторувам ниту еден одржлив, сериозен, поголем, суштински проект кој ќе даде надеж кај било кого дека барем нешто ќе биде добро со оваа власт – рече Никола Груевски.
Според Груевски, како што рече овој кошмар може да се прекине на 15 октомври.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека е многу загрижен за правецот во кој оди економијата.
– Економијата е клучна работа која се однесува на сите граѓани без разлика на пол, вера, нација и партија, и оваа неспособност и непосветеност која СДСМ ја покажува на ова поле може да доведе до сериозни ризици и далекусежни последици – рече Груевски.
Според него коцептот за зголемување на минималната плата што го има СДСМ е непродуктивен и неодржлив.
– Пензионерите беа понижени и измамени. Не се случи зголемувањето на пензиите кое сакавме да го направиме. Наместо покачување од по 670 денари месечно како во период кога ние ја предводевме државата, добија само по 10, 20 или 100 денари покачување како резултат на законското усогласување кое новата власт не може да го одбегне, а некои од пензионерите не добија никакво покачување за што има сведоштва – рече Груевски.
Груевски со став дека надворешната политика е без концепт и базирана исклучиво на рушење на достоинството на нашата држава.