Коце Трајановски и Петре Шилегов ќе ја бијат битката за метрополата

од desk3
96 прегледи

Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ и Петре Шилегов од СДСМ е понудата на двете македонските партии за градоначалник на град Скопје. Од партијата на Груевски објаснуваат дека изборот за трет мандат паднал врз актуелниот градоначалник бидејќи не сакаат да ризкуваат со друго решение. 

ВМРО-ДПМНЕ со стари кадри, односно со актуелните градоначалници ќе оди и во Прилеп, Демир Капија, Вевчани. Во Ѓорче Петров кандидат е поранешниот министер Владо Мисајловски. Во Тетово и во Гостивар ВМРО-ДПМНЕ ќе ги кандидира Горан Манојловски и Дафина Стојановска.

СДСМ веќе објави дека Шилегов ќе ја бие битката за метрополата. Владејачката партија ја комплетираше листата за повеќето скопски општини: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Кисела Вода.

Од албанските партии официјално се уште нема нови кандидатури. Во ДУИ велат дека не пресекле за конкретни имиња. Од ова партија официјално се само кандидатот за Студеничани Фехми Јонузи, Висар Ганиу за Чаир и Фатмир Дехари за Кичево. Неофицијално за Тетово и Гостивар ДУИ ќе се тркаат актуелните градоначалници, Арифи и Бејта, а поранешниот министер за правда, Блерим Беџети е најсериозен кандидат за Сарај. И од Беса велат дека продолжуваат со консултациите. Според нашите извори претседателот на партијата, Билал Касами ќе биде кандидат за Тетово, а за Гостивар се спомнува името на Асаф Адеми.

Од Алијансата за Албанците досега официјализиран е само Арбен Таравари за Гостивар. Алсат М дознава дека Меџит Имери ќе биде кандидат за Студеничани. Од ДПА се уште без конкретен кандидат. Единственото име кое се спомнува е Беким Фазлиу за можен кандидат за општина Сарај.