Безмоторен авион на Airbus лета на рекордна висина

од desk3
84 прегледи

Airbus објави дека безмоторниoт авион на Perlan Project поставил нов рекорд за висина на лет без помош на мотори. Авионот Perlan 2 го победил рекордот на својот претходник Perlan 1, кој е поставен во 2006 година.

Досегашниот рекорд беше за лет на височина од 15 461 метри. Perlan 2 успеал да постигне висина од 15 902 метри во небото над Патагонија заедно со двајца пилоти на авионот. Летови на безмоторни авиони на слична висина се доста тешки и голема реткост. Тие се можни само под одредени услови. Прво треба да се најде доволно силни воздушни струи. Такви се случуваат само на неколку места низ целиот свет и тоа по неколку пати во годината. Сепак Perlan Project ќе продолжи да постои. Главната цел на мисијата е да се се полета безмоторен авион речиси до работ на вселената и да постави рекорд за висина на лет за било какво летало со крилја без разлика дали е со мотор или не. За целта авионот Perlan ќе треба да се издигнува на 27 432 метри височина.

Безмоторните авиони се многу важни за бројни научни експерименти. Според Airbus Perlan 2 е “единствена платформа за научни откритија”. Со него можат да се анализираат фактори кои влијаат на промената на климата, ефектот на радијацијата врз пилотите и леталото при летови на голема височина и др.