Научниците од универзитетот Кеио во Јапонија сметаат дека ја откриле втората по големина црна дупка во Млечниот пат. Таа се наоѓа во близина на центарот на галаксијата и е опкружена со огромен облак гас.

Црната дупка е 100 000 пати потешка од Сонцето, но и покрај тоа не спаѓа во критериумите за т.н. вселенски црни дупки. Таа е и премногу голема за да се класифицира како мала црна дупка. Според научниците таа се совпаѓа со теоритичната идеја за т.н. средномасивни црни дупки, која пополнува нејасноста меѓу вселенските и малите црни дупки. Научниците го користеле телескопот Alma во Чиле. Тие откриле дека има голем облак гас во близина на центарот на галаксијата, кој се “однесува чудно”. Зони во облакот се движат многу брзо, што сугерира постоење на многу масивен објект во близина. Со помош на компјутерски модели е стигнато до заклучок дека станува збор за средна по големина црна дупка. Ова се поддржува и од слабите радио сигнали, кои се пресретнати од зоната, а тоа е типично за црните дупки.
Научниците велат дека ова е првото откривање на слична средномасивна црна дупка во Млечниот пат. Според нивните пресметки во галаксијата има околу 100 милиони мали црни дупки. Во центарот на Млечниот пат е вселенската црна дупка Sagittarius A *, која има маса на 400 милиони Сонца.
Сега научниците ќе треба да го потврдат на други начини, дека новооткриената црна дупка всушност е меѓу двете главни категории. Потеклото на средномасивните црни дупки останува нејасен. Една од теориите е дека тие потекнуваат од спојувањето на помали црни дупки, но досега нема реални податоци за тоа. Друга теорија според научниците е дека средномасивната црна дупка е остаток од помала галаксија, која била проголтана од Млечниот пат. И додека минатото на новооткриената црна дупка е завиткана во мистерија, тогаш иднината и е прилично јасно – по време таа ќе биде проголтана од Sagittarius A *, што ќе направи вселенска црна дупка во центарот на галаксијата да бидеуште поголема.