Астрономи од Кембриџ објавија дека ја откриле најмалата ѕвезда во универзумот, барем до сега. Таа е толку мала што дури подложува на сомнение дефиницијата за тоа какви вселенски тела можат да се дефинираат како ѕвезди, забележува списанието Popular Mechanics.

Ѕвездата EBLM-Jo555-57Ab, накратко нарекувана 57Ab, се наоѓа на 600 светлосни години од Земјата. Таа е со големина на Сатурн, но значително потешка. Всушност е 85 пати потешка од Јупитер, што е доволно за трансформацијата на водород во хелиум и трансформирање на нејзината форма. 57Ab е дел од троен ѕвезден систем. Другите две ѕвезди, односно 57A и 57B се со масата на Сонцето и кружат една околу друга. 57Ab сепак ја обиколува само 57A и првично научниците ја прифатиле за планета, бидејќи одговарала на овие критериуми за време на анализите.
Според сегашните модели, за да биде прифатена за ѕвезда, космичкото тело од гас треба да има доволно маса (околу 80 пати поголема од таа на Јупитер), за да може да врши фузија во јадрото и да го претвора водородот во хелиум. Полесни ѕвезди обично се дефинираат како кафеави џуџиња.
57Ab е на работ на критериумот за ѕвезда. Таа е помалку од 1% од масата на Сонцето и е речиси целосно скриена од осветленоста на другите две ѕвезди во системот. Сепак научниците сметаат дека 57Ab си е таква од “раѓање”, односно поголемите ѕвезди не влијаеле на нејзината маса.
Научниците не можат да одговорат на прашањето како ѕвезди со толку голема разлика во масата и големината се формирале блиску една до друга и се во заеднички систем. 57Ab спаѓа во класата на ладни ѕвезди, слично на TRAPPIST-1, која НАСА оваа година откри дека е во систем со најмалку 7 планети, од кои три со потенцијални услови за присуство на вода.