Google Maps наскоро ќе знае повеќе отколку што ние очекуваме

од desk3
77 прегледи

И во моментов Google Maps имаат доста детали за адреси, локација на продавници, обемот на сообраќајот и др. Наскоро, сепак популарната услуга ќе знае импресивни детали благодарение на новите камери за Street View, соопштува списанието Wired.

За прв пат од осум години Google ги ажурира камерите на автомобилите кои кружат и ги фотографираат улиците ширум светот. Новите камери се со повисока резолуција и ќе можат да се користат за машинско учење и анализи од вештачката интелигенција. Луѓето веќе бараат повеќе детали во Google Maps, не само адреси. Тие на пример сакаат да знаат и работното време на продавница или ресторан. Освен тоа вештачкиот интелект ќе може да “го запознае” околниот свет подобро. Тој ќе може да прави повеќе врски помеѓу објектите и зградите, како и да одговара на сосема тривијални прашања како на пример “каква е розовата зграда на крајот на улицата” или “што е името на продавницата до оваа продавница за чевли”. Сето ова ќе е можно благодарение на анализите на сликите од алгоритмите.

Една од долгорочните цели на Google е да може да одговара значајно на секое прашање на корисникот. За да се постигне ова, сепак има потреба од огромни количини на информации. Податоците ќе се користат и за комплетно машинско учење и усовршување на вештачката интелигенција, кажуваGoogle.