Гугл преговара да го купи или инвестира во HTC

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Нема чад без оган, како што се вели, а гласините околу “стратешките опции” за тајванската HTC се шират сè почесто и нашироко. Според публикација во “Commercial Times”, производителот е во напредни преговори со Google за потенцијална продажба или стратешка инвестиција.

Поконкретно, HTC сака да го продаде делот од бизнис со смартфоните, но не и овoj со Vive VR. Според информациите, разговорите меѓу двете компании веќе се во завршната фаза и до крајот на годината може да биде донесена конечна одлука.

Публикацијата се базира на извештајот на “Bloomberg” од 24 август, кој најнапред откри дека HTC ги пресметува “стратешките опции”, кои вклучуваат инвестирање од партнер и продажба на дел од производството.

Телевизијата ја наведе Google како една од компаниите кои разговараат со HTC за потенцијална зделка. Производителот на смартфони штотуку објави катастрофални резултати за минатиот месец, имајќи ги предвид најниските приходи за месец август од 13 години.

При малку под 100 милиони долари, приходите се со 51,5% пониски во споредба со јули и со 54,4% пониски во споредба со август 2016 година.