Нова ера која започнува од денеска, тоа е иднината на Македониај тоа е новата ера. За да го реализираме ова ние мора најпрвин да се ослободиме од помрачувањето која ја зафати Макеоднија и ќе започне на 15 октомври а ќе заврши со предвремени парламентарни избори и враќање на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на власт, рече партискиот лидер Никола Груевски на вечерашната Конвенција. 
Нашата работа е да ги решаваме проблемите на сиромашните и невработените, на младите, работниците, пензионеите, не ја киднапираме со празни зборови иднината на нашите луѓе. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва на конвенцијата за претставување на кандидатите за градоначалници со слоганот „Новата ера почнува“, претстави и документ, односно негова визија за Македонија.
-Денес започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македоднија. Ера која ќе им покаже на сите и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени, дека ние можеме, дека Македонија мора и може подобро. Во отсуство на јасна стратегија и план од власта, ние излегуваме со документ којшто вечерва ви го претставувам. Патоказ по кој ќе може да не препознаваат и оценуваат, но притоа дека сте сигурни дека тоа што ќе го нудиме ќе го исполниме. Оправдано од нас се очекува да ги повлечеме вистинките чекори. Нашиот напор е правда за сите. Ние работиме да ги решаваме проблемите на луѓето. Секогаш работа, секогаш Македонија, рече Груевски.