Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Димитровски: Ќе обезбедам 2.000 нови работни места

од desk3
126 прегледи

 

Ќе реализирам голем број на проекти за подобар живот на Кочанани рече вечерва кандидатот за градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, претставувајќи ја пред своите сограѓани програмата за претстојните локални избори.

Во наредните четири години ќе ги реализирам проектите изградба на браната Речани на Оризарска река, довршување на експресниот пат Штип-Кочани, искористување на геотермалните води по пат на јавно приватно партнерство, гасификација на градот, изградба на кружен тек и катна гаража. Заживувањето на кочанското стопанство, рече кандидатот, кој е актуелен градоначалник на Кочани, Димитровски

Димитроски вети нови 2.000 работни места кои ќе ги обезбеди со влегување на странските инвестиции во кочанското стопанство.

Носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани е Лазар Митев.