Шпанската полиција уапси 11 руски државјани под обвинение за членство во криминална група која се занимава со перење пари, соопштија шпанските власти, пишува електронска издание на руското издание “Взгляд”, цитиран од “Фокус”.

Меѓу уапсените е и Александар Гринберг, сопственик на фудбалскиот клуб Марбелја. Според властите Гринберг го користел тимот за перење пари, а можно е да станува збор за сума која достигнува 30 милиони евра. За време на акцијата, полицијата заплени и одредена количина дрога.