Потпишување меморандум за рестартирање на „Југохром“

од Vladimir Zorba
89 прегледи

   Во Владата денеска ќе биде потпишан меморандум за разбирање за рестартирање на „Југохром“.

Целта е, како што соопшти владината прес-служба, придонес во изнаоѓањето решение за надминување на состојбата на работењето на друштвото.

Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, управителот на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце Васко Скендеровски и претседателот на синдикалната организација на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце Бајрам Амити.