ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС спроведе криминални избори за да продолжи да ја ограбува државата

од desk2
73 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата на СДСМ спровла криминални избори, а како што соопштија тоа го направиле за Зоран Заев да продолжи да ја раскрчмува државната каса, и да ја ограбува државата.

„Тие ги излажаа и изманипулираа граѓаните и го прекршија ветувањето кое што го даде во предизборието дека нема да ја задолжува државата. Владата на СДС се задолжи за над половина милијарда евра, односно неверојатни 540 милиони евра. За 5 месеци над половина милијарда евра“, соопштија од партијата.

Според нив, неодговорната и неграѓанска влада на СДС наместо да ги покачува пензиите, да ги зголемува платите, да отвора нови работни места и да инвестира во инфраструктурата, таа ги крати, укинува и блокира сите проекти, а на сметка на недомаќинското работење ги задолжува граѓаните на Република Македонија.