Крис Нот од култната серија „Сексот и градот“ виден со бастун како тешко се движи низ Менхетен

од desk4
76 прегледи

Ѕвездата од серијата Сексот и градот и Закон и ред Крис Нот беше фатен од фотографите како тешко се движи низ улиците на Менхетен во Њујорк.

62-годишниот актер, кој го прифатил ликот на големата љубов на Кери Бредшо од 1998 до 2004 година, беше забележан како оди со бастун низ улиците на Њујорк.

Ѕвездата била облечена со сиви износени тренерки, црвени папучи, сива маица на која се чита Property of New York Health and Racquet Club, забележува Daily Mail.

Нот имал мрачен поглед на лицето и полека се движел по тротоарот на Менхетен, наведува весникот.

Неговиот бастун изгледал сериозно со црна гумена рачка. Се претпоставува дека повредата ѕвездата ја добил при учеството во серија, во кој игра агент на ФБИ.

Актерот никогаш не спомна што се случило, дури и на социјалните мрежи нема објава од 16 октомври.

По учеството во серијата Сексот и градот Крис Нот се појави во долгометражен филм снимен во 2008, а потоа и во вториот дел од серијата во 2010 година.

Трета серија нема да биде, бидејќи ѕвездата Ким Кетрал одби да учествува во проектот.