Intel прави ултра брз процесор на вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Интел објави дека работи на брз процесор специјално дизајниран за системи за вештачка интелигенција. “Мислам дека сме на почетокот на голема промена … АИ ќе биде сличен на (развојот на) Интернетoт во 90-тите години”, рече Брајан Крзанич на конференција за технологија организирана во Калифорнија од “Волстрит џурнал”.

Чиповите наменети за вештачката интелигенција, треба да можат да обработуваат големи количини на податоци во реално време. Поради тоа “Интел” во партнерство со “Фејсбук” и други компании се насочи директно кон дизајнот на посебен микропроцесор, објаснува лидерот на “Фејсбук”.

Во официјалниот блог на “Интел” (Intel) Брајан Крзанич вели дека овие нови чипови би дозволиле “нови видови на апликации во вештачката интелигенција”, би помогнале за трансформацијата на здравствениот сектор, социјалните мрежи, автомобилите, предвидувања за времето и др.

Овој нов вид суперсилен патент е во процес на изградба повеќе од три години и првиот модел се очекува да биде на располагање “наскоро”, рече Навијн Рао, коосновач на стартап специјализиран во моторичка обука и купен од Intel минатата година.

“Ние го дизајниравме овој чип (…), за да се ослободиме од сегашните ограничувања наметнати од она што се нуди на пазарот и што не е посебно наменето за вештачка интелигенција”, рече претставникот на компанијата.