ОБНОВЕНА Се трага по убиецот кој вечерва пукаше врз фудбалерoт Јанушев

од Vladimir Zorba
118 прегледи

 

Дваесет и петгодишниот Мартин Јанушев е фудбалерот кој вечерва  околу 18 часот беше застрелан во населбата Аеродром, пред неговата зграда на улица Владимир Комаров.

Јанушев бил застрелан пред неговата зграда во близина на локалот „Ред кафе“. Очевидци велат дека бил застрелан со 4-5 куршуми во пределот на градите и во вратот, и дека застреланиот најверојатно го препознал убиецот бидејќи споменувал некои имиња додека се пукало во него.  Случајни минувачи  веднаш го качиле во автомобил и го однеле во Градска болница, каде во моментот  му се врши операција. Убиецот пиштолот го фрлил непосредно до местото на убиството.

Неофицијално, полицијата веќе го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него.

 

ОБНОВЕНА Почина фудбалерот кој беше застрелан вечерва во Аеродром