Излезе првиот трејлер за последниот дел од „Педесет нијанси на сиво“

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Првиот трејлер на последниот дел од светскиот феномен е многу повеќе од она што фановите го очекуваат. Откако “Педесет нијанси на сиво” во 2015 година и “Педесет нијанси потемно” во 2017 година срушија неколку светски рекорди и се претворија во вистински хит низ целиот свет, “Педесет нијанси ослободени” ветува вистинска радост за фановите и достојна кулминација на светскиот феномен.

Откако Ана и Кристијан минаа низ пеколот, за да ја остварат својата љубов, сосема природно е Анастејжа да се види во преубав бел фустан и да се прекрсти во г-ѓа Греј. Но, дали свадбата ќе вети прекрасна разврска и среќен крај или двајцата ќе треба да поминат низ уште перипетии, ќе видиме  во кината.

А првиот трејлер ни ветува дека ќе има од сè – како жешки љубовни сцени во црвената соба, така и многу трилер сегменти, напнати моменти и враќањето на духови од минатото. Бидејќи приказната нема да биде целосна ако двајцата не ја докажат својата љубов еден кон друг.

Светскиот феномен “Педесет нијанси ослободени” доаѓа во кината на 9 февруари 2018 година. Во главните улоги повторно ќе ги видиме Џејми Дорнан и Дакота Џонсон, како и Ерик Џонсон, Рита Ора, Ариел Кебл и Марша Геј Харди. Режисер на филмот е Џејмс Фолеј, а сценаристи – Е. Л. Џејмс и Ниал Леонард.