[РЕЦЕПТ] Ориз со пилешко и кромид

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Производи:
300 гр пилешки гради
1 чаша ориз
3 страка млад кромид (може и стар кромид)
3 лажици масло
150 гр сирење
црн пипер
сол
Подготовка:
Исечете ги пилешките гради на мали коцки. Испржете ги во врело масло. Потоа, додадете ситно исечен кромид и оставете да се издинста заедно со пилешкото.

Во меѓувреме, зовријте го оризот и исцедете го од водата откако ќе се подготви. Изрендајте сирење. Додајте ги оризот на пилешкото и кромидот, додајте ги зачините и добро измешајте. Гответе уште неколку минути се додека не се исуши целосно.

Забелешка : Можете исто така да додадете течен крем за готвење по желба.