
Неговата поранешна сопруга му нашла специјалист во центар за рехабилитација.
Бен Афлек продолжува да се бори со алкохолната зависност. Пред осум месеци актерот заврши еден третман во центар за рехабилитација, а во октомври тој повторно продолжи со лекувањето, соопшти Us Magazine.
Според изданието, актерот изгубил контрола и се вратил кон старата навика со цел да ја одбележи победата на својата девојка Линдзи Шокоус и добиената награда Еми.
Во надежта да се избори со зависноста Афлек се обратил за помош кон поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
Актерката му избрала на Бен специјалист во установа за рехабилитација во Лос Анџелес.
Пријатели на актерот раскажуваат дека Гарнер никогаш ги одбила неговите барања за помош.
„Џенифер секогаш била човек кој се отповикува на потребата на Бен, кога тој страда од алкохолна зависност и од обложувалници. Таа со сите сили се обидува да го држи настрана од овие негови пороци “, коментира извор за весникот.
Според него, на 25 септември Бен Афлек потпишал договор, според кој тој е должен да мине 30-дневен третман во клиника.
„Борбата со неговата зависност е долг процес. Бен разбира дека не може едноставно да се разбуди едно утро и да си каже: „Се заврши“. Лекувањето е напор“, коментира уште изворот за весникот.