
Амал Клуни – сопругата на Џорџ Клуни секогаш беспрекорно се претставува на црвениот тепих и со својот стил успеа да изгледа достојна, колку и големите ѕвезди.
По раѓањето на близнаците, Амал и понатаму е во беспрекорна форма. Поради тоа веќе ја канат на светски настани, но не само како гостин, туку и доверија „главна улога“.
Госпоѓа Клуни ќе биде водителка на годишниот бал во музејот „Метрополитен“ во Њујорк во 2018 година. Друштво ќе и прават пејачката Ријана и дизајнерката Донатела Версаче, соопштува Франс прес.
Музејот секоја година организира бал за да соберат средства за својот Институт за костуми. Главниот уредник на Vogue, Ана Винтур, го презеде организирањето на гала-настанот во 1999 година и го трансформира.
Таа ќе е водителка на балот и следната година на 7 мај, заедно со Ријана, Амал Клуни и Донатела Версаче.
Овогодишното издание привлече повеќе од 12 милиони долари приходи. Откако Ана Винтур е вклучена во организирањето на балот, таа собра средства во износ од над 150 милиони долари.