96
Русија се залага за примена на дипломатски средства во решавањето на проблемите со Северна Кореја, но многу земји, меѓу кои и САД, Јапонија и Јужна Кореја, не ја исклучуваат можноста за воено решение на кризата, изјави синоќа секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев.
Тој нагласи дека Русија работи на тоа да не дозволи воено сценарио за решавање на севернокорејската криза.
– Одделни земји не го исклучуваат военото решение. Ние соработуваме со нив за да не го дозволиме тоа. Пред се со САД, но и со соседите, рече Патрушев.