Обилните врнежи од дожд што го зафатија охридскиот регион синоќа предизвикаа уривање на стара руинирана куќа на улицата „Гоце Делчев“ во непосредна близина на амбулантата Воска во Охрид, објави Ohridnews.

Ѕид од стара куќа од камен се сруши на коловозот од улицата и претставува опасност за учесниците во сообраќајот.

Ова не е прв пат да се урне стар објект во Охрид. Дел од нив со години, а некои и децении стојат напуштени. Оставени на забот на времето пропаѓаат и се уриваат, бидејќи сопствениците, доколку ги има, не водат грижа, а надлежните институции покажуваат немоќ во справувањето со ваквиот проблем./OhridNews
